Македонија загуби од Финска на првиот натпревар на Европското првенство во одбојка

Македонската репрезентација загуби 3-1 од домаќинот Финска во првиот натпревар на Европското првенство во одбојка.

Македонските одбојкари поведоа 10:6 во првиот сет, но на крајот го загубија со 25-20. Финска вториот сет го доби убедливо со 25-15. Одбојкарите на Македонија со 26-24 го добија третиот сет, но го загубија четвртиот со 25-22.

Никола Ѓорѓиев го заврши натпреварот како најдобар стрелец со 19 поени, а еден помалку имаше Александар Љафтов.

Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го играат во петок против Холандија.

Scroll to Top