Македонија загуби од Словачка во претквалификациите за СП 2023

By

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби последниот натпревар во претквалификациите за Светското првенство 2023 година од Словачка со 71:88.

Избраниците на Драган Бајиќ и покрај порзот, ќе имаат шанса да играат за првпат во историјата едни квалификации за кошаркарскиот Мундијал.

Поразот против Словачка не влијаеше на промена во групата Ф, во која Македонија со две победи и два порази е првопласирана со шест освоени побени.

Практично обезбедената позиција во квалификациите, позиција којашто можеше да биде загрозена само на „хартија“, односно пораз од 60 поени разлика од Словаците, можеби ги пренасочи мислите на нашите кошаркари, а таквите околности доведоа до примени 88 поени, двојно повеќе од првото соочување помеѓу овие две селекции.

Словаците поприлично успешно шутираа од игра во текот на целиот двобој (52,4 отсто), додека пак македонските репрезентативци со 38,5 отсто успешност од игра недоволно добро му парираа на расположениот опонент.

Николов со 17 поени беше најефикасен во составот на Македонија. Мекиќ постигна 16 поени, па следеше Крстевски со 15, односно Вајли со 14 постигнати поени.

Фушек беше најефикасен во тимот на Словачка со 23 поени, па следеше Броѕијански со 17 поени.

 

Ќе ви се допадне

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

Okoshiyasu, Chitose-chan Episode 17

Website https://animetv.cc: Watch Bannou Bunka Neko-Musume Specials animetv Episode 2 anime tv shows online

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Animeflixnl website2: http://animeflixnl.website2.me/

A pr-cy: https://a.pr-cy.ru/gogoanime.be