Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, која игра за „Глорија Бузау“, е позитивна на Ковид-19, пишуваат романските медиуми. Ова е втор случај на коронавирус во женската ракометна лига во Романија кога претходно ракометарка на „Крајова“ беше позитивна на тестовите на Ковид-19.
Ливриниќ, која летово од „Рапид Букурешт“ се пресели во „Глорија Бузау“, беше тестирана пред почетокот на подготовките за новата сезона заедно со сите ракометарки. Од целиот тим, единствено кај 25-годишната Ливриниќ тестот е позитивен.
Македонската репрезентативка сега е во карантин, во домашна изолација, а во самоизолација ќе бидат и нејзината цимерка Патришија Морару и двајца членови на стручниот штаб.