Македонските фудбалерки ќе му гостуваат на Јувентус

Македонските фудбалерки од тимот на Каменица Саса денеска ќе играат против италијанскиот шампион Јувентус. Тие попладнево треба да стигнат во Торино, каде што ќе го играат полуфиналниот турнир во групата 8 во Лига на шампиони.

Натпреварот ќе почне во 15:00 часот, а лидерот во тимот на Каменица Саса, Ана Димитровска, откри дека во тимот владее позитивна атмосфера.

„Мотивацијата е огромна. Горда сум што дојдовме до шанса да играме со ваков противник. Подготвени сме, секој ден тренираме, некогаш имаме и по два тренинга. Ќе дадеме максимум и очекуваме добар резултат“, рече Димитровска.

Каменичанки за три дена ќе одиграат уште еден натпревар во кој противник ќе им биде австриски Ст. Полтен или турски Бешикташ.

Scroll to Top