Вчера женската кадетска репрезентација на Македонија испиша историја, откако ја победи Ерменија со резултат од 92:22, односно со 70 поени разлика на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси. Ова триумф по ред за избраничките на селекторот Никола Златев.
Воедно ова е и рекордната победа на една наша младинска репрезентација во европските натпреварувања.
На дуелот со Ерменија, уште во првата четвртина нашите кадетки добија висока предност (17:2), а најголемата разлика ја стекнаа во третата чевртина (32:4).
Од стрелците најефикасна беше М. Алексовска со 25 поени (по пет скокови и украдени топки), по 12 поени А. Тодорова (пет скокови, седум украдени топки) и Б. Стоевска (шест украдени топки).
На табелата води Албанија со седум бодови, но веќе ги заврши настапите во групата, следува Македонија со шест максимални бодови, по четири имаат Малта и Ерменија, а три има последнопласираната Грузија.
Денес тие ќе се натпреваруваат против селекцијата на домаќинот Грузија од 17.00 часот.