Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби во финалето на Европската сребрена лига од Данска со резултат 3-1, по сетови 25-23, 19-25, 25-27 и 19-25. Ова е трет пораз на македонските одбојкари во финалето на Сребрената лига.
Македонските одбојкари поведоа во првиот сет, но во вториот сет данските репрезентативци изедначија, а потоа ги освоија и следните два сета.
Најдобар кај Македонија беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, пред Љафтов со 13, а потоа следеа Николов (12), Манџуков (9) и Милев (6 поени).
Кај Данците, Матс Јенсен постихгна 30 поени, пред Мадсен со 17 и Кјаер со 12 поени. За Данска ова е прв медал во Сребрената европска лига.