Македонските пливачи се вратија со медали од олимписките квалификации

Македонските пливачи, Ева Петровска и Иван Симоновски, се вратија со медали од меѓународниот пливачки натпревар “Grand Prix 11-April”, кој викендов се одржа во Белград, Србија.

Пливачката на Аква Про, Ева Петровска освои злато на 800м слободно, со време 09:11,80 и бронза на 400м слободно 04:25,52 во апсолутна и јуниорска конкуренција.

Младиот пливач Иван Симоновски освои две бронзени медали во апсолутна конкуренција на 50 и 100м делфин со време 26,35, и 57,67.

Пливачот Павле Стојчески во трката на 100м слободно исплива 57,25 што беше доволно за 12 место во јуниорска конкуренција.

Натпреварот беше од квалификациски карактер за Олимписките Игри во Токио оваа година.

На турнирот учество зедоа 485 пливачи и 49 клубови од Македонија, Србија , Босна, Бугарија и Тунис.

Scroll to Top