Кадетската женскa репрезентација на Македонија го победи Исланд 27-26 и го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Литванија. Со ова, ракометарките до 17 години се пласираа на следното Европско првенство.
Ракометарките натпреварот го почнаа лошо и првиот гол го дадоа во шестата минута, но на полувреме заминаа со нерешен резултат 12-12.
Исланд и второто полувреме го почна со водство, но македонските ракометарки направија пресврт и на крајот победија со еден гол разлика, 27-26.
Најдобра во македонската репрезентација беше Теодора Дукоска со 11 голови, седум гола даде Емилијана Ризоска, а пет Бојана Коцева.