Македонските ракометарки ќе играат против Романија во баражот за Светското првенство

Женската репрезентација на Македонија ќе игра против Романија во баражот за Светското првенство во ракомет, што ќе се одржи оваа година во Шпанија. Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16 или 17 април, а реваншот во Македонија е предвиден за 20 или 21 април. Точните датуму ќе се знаат до крајот на овој месец.

Победниците од десетте дуели во баражот ќе учествуваат на мундијалот во Шпанија, што ќе се игра пред крајот на годината. На Светското првенство, покрај домаќинот, досега се квалификуваа и шампионот Холандија, како и најдобрите четири селекции од Европското првенство: Норвешка, Данска, Франција и Хрватска.

Бараж-двојки:

Романија – Македонија
Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија

Scroll to Top