Манчестер сити и Челзи излегуваат од европската Суперлига

Премиерлигашките тимови Манчестер сити и Челзи најавија дека ќе излезат од европската Суперлига. Тие претходно беа дел од шесте англиски екипи со Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал, кои требаше да бидат дел од новата Суперлига, во која беше планирано да играат 20-те најдобри европски тимови.

Покрај англиските тимови, во оваа Суперлига своето учество го најавија и Интер, Јувентс, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико. Ваквата идеја за создавање нова Суперлига наиде на голем отпор меѓу фудбалските фанови ширум светот, па некои од големите тимови најавија дека ќе се повлечат.

Пред стадионот на Челзи, Стенфорд Бриџ, се собраа повеќе од 1000 фанови и протестираа против одлуката нивниот тим да биде дел од едно вакво натпреварување. Одлулата за повлекувањето на Челзи ја донел лично сопственикот, рускиот олигарх Роман Абрамовиќ, пишуваат медиумите.

Премиерот Борис Џонсон денеска се сретна со челниците на Фудбалската асоцијација на Англија и на Премиер лигата и вети дека владата ќе ги преземе сите можни мерки за да се сопре проектот, добивајќи поддршка и од опозициските партии.
Scroll to Top