Селекторот на Италија, Роберто Манчини, тврди дека Англија воопшто не требала да игра во финалето на Европското првенство. Тој вели дека Германија во осминафиналето била подобра и требала да го победи „Гордиот Албион“.
„Искрено, Германија не ни заслужи да загуби од Англија. Тие не требаше ни да дојдат во финале. Германија одигра подобро од Англија, одиграа одличен меч. Германија секогаш е светска велесила, за мене и понатаму се огромна фудбалска нација, секогаш имаат добар тим и добри играчи, како и врвни тренери. Но, секој тим мора да си го пронајде својот пат, а ние бевме на ова ниво на кое е сега Германија пред три години“, вели Манчини.
Англија по 55 години ја победи Германија со 2-0 на едно големо натпреварување и тогаш почнаа најавите дека ЕУРО2020 најверојатно ќе го освојат англичаните. Но, тие загубија од Италија на „Вембли“ во Лондон, во своето прво финале на Европските првенства и првото финале по СП 1966 година.
Манчини додаде дека титтулата на Италија, која пред три години не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, е рамно на сензација.
„Ова е историски успех, ова е прекрасна сензација и среќен сум за секој Италијанец. Оваа Италија ќе влезе во историските книги, а јас на своите фудбалери можам само да им симнам капа. Почнавме пред три години, развивме сјаен тимски дух, а тие дадоа сѐ од себе и затоа на крајот успеаа“, вели Манчини.