Маратонецот кој пред две години трчаше како Спајдермен, годинава беше Аквамен

Денеска се одржа Скопскиот маратон на кој учествуваа над 6000 учесници. Меѓу нив беше и маратонецот на трката кој пред две години се појави во костим на Спајдермен, а овој пат трчаше како Аквамен.

Победник во женска категорија е Андријана Поп Арсова која истрча со време од  2:40:36 часа, додека во машката конкуренција победи Дарио Ивановски со со време од 2:21:27 часа.

Покрај Аквамен, погледите ги измамија и неколкуте запросувања кои се случија за време на трката.

Како и мајката која трчаше со бебе во количка.

Андријана Поп-Арсова: Паднав во агонија на 12 километри пред целта

 

Scroll to Top