Масимилиано Алегри се врати во Јувентус

Масимилиано Алегри е повторно тренер на Јувентус, пренесоа италијанските медиуми. Италијанскиот тренер повторно се враќа на клупата на „Старата дама“, по 2019 година. Тој го предводеше најтрофејниот клуб од 2014 година.

Алегри, како што пренесуваат медиумите, потпишал нов тригодишен договор со управата од Торино. Од клубот и официјално го разрешија досегашниот тренер, Андреа Пирло, кој имаше катастрофална сезона во Серија А и одвај успеа да обезбеди пласман во Лига шампиони.

Со „Бјанконерите“ се поврзуваа неколку славни тренерски имиња, но, на крајот сепак се решија за нивниот стар познаник Алегри, кој пак имаше понуди од неколку други врвни европски тимови, како Интер и Реал Мадрид. Италијанскиот шампион Интер, остана без својот тренер Конте.

Алегри пет години седеше на клупата на „старата дама“ и освои пет Скудета.

Scroll to Top