Меси ќе остане во Барселона до 2023 година откако лани сакаше да го напушти клубот

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, се согласил да потпише нов двегодишен договор со клубот и да остане до 2023 година. Актуелниот договор на аргентинскиот фудбалер истекува по завршувањето на оваа сезона. Минатото лето, незадоволен од тоа што се случуваше во клубот во тој период, Меси сакаше да го раскине договорот, но ниеден клуб не се согласи да ја плати премијата за предвремено раскинат договор.

Според новинарот на ЕСПН, Кристијан Мартин, новиот претседател Џоан Лапорта, најверојатно успеал во намерата да го задржи Меси во клубот. Тој на Твитер објави дека договорот ќе биде на две години, иако Лапорта неодамна изјави дека ќе му понуди доживотен договор на најдобриот фудбалер во клубот.

Мартин објави и дека од наредната сезона во Барселона ќе игра Серхио Агуеро.

Scroll to Top