Меси останува во Барселона до 2023 година

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси ќе потпише договор со каталонскиот клуб до 2023 година, рече Италијанецот, Фабрицио Романо, еден од најреномираните спортски новинари.

Меси во следните неколку дена ќе стави потпис на новиот договор со кој ќе се обврзе да игра за каталонскиот клуб уште една година.

Откако лани најави дека ќе си замине со промената на раководството во клубот, сепак Меси на крајот одлучи да остане во Барселона.

 

Scroll to Top