Меси со хет-трик го сруши рекордот на Пеле

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со вчерашните три гола против Боливија успеа да дојде до 79. гол даден за репрезентацијата и да го сруши рекордот на фудбалската легенда Пеле, кој за Бразил има дадено 77 гола.

Аргентина вчера ја победи Боливија со 3:0 во рамки на квалификациите за Светското првенство. Меси досега има настапено за Аргентина во 153 натпревари и се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Јужна Америка.

„Ова е единствениот момент кој досега го чекав и ќе уживам во него. Многу сум среќен“, рече Меси по натпреварот.

Аргентинците по натпреварот со навивачите ја прославија и Копа Америка, која претходно ја освоија, а Меси не го криеше воодушевувањето за освоениот трофеј.

„Тоа е тоа. Сонував за ова. По толку години чекање. Немаше подобро место за прослава. Мајка ми беше тука, брат ми. Сите многу страдавме, а сега славиме. Пресреќен сум“, рече Меси.

По победата над Боливија, Аргентина се наоѓа на второто место со освоени 18 бодови. Во преостанатите натпревари во јужноамериканските квалификации, Бразил со головите на Рибери и Нејмар го победи Перу со 2:0, Уругвај со минимална предност го победи Еквадор 1:0, Колумбија го победи Чиле со 3:1, а Парагвај беше подобар од Венецуела со 2:1.

 

Scroll to Top