Михаела Лазаровска собори 14 години стар рекорд во скок во височина

Атлетичарката Михаела Лазаровска собори рекорд стар 14 години во дисциплината скок во височина. Таа рекордот го собори на атлетскиот младински Куп на Македонија, што се одржа викендов. По девет тима во машка и женска конкуренција се натпреваруваа во 16 дисциплини, а само Лазаровска од АК Центар успеа да собори рекорд.

Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Сања Илиева, која во 2007 година прескокна 166 сантиметри.

Севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија е АК Работнички со 75 бода, а 59 од нив клубот ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку.

Работнички доминира во машка конкуренција со 59 бода, а во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода.

 

Scroll to Top