Младата натпреваручка на теквондо клубот „Тигри Скопје“, Мила Рељиќ, го освои пехарот во натпреварот Топ Џим Тирана, кој викендов се одржа во Албанија. Со три технички нокаути, таа беше прогласена за најдобра сениорка.
Со резултат 22:2, 28:3 и финалниот 21:1, Мила доминираше над своите конкурентки во категоријата со 67 килограми. Од теквондо клубот „Тигри Скопје“, на овој турнир учествуваа уште 5 натпреварувачи освојувајќи 2 сребрени и 1 бронзен медал.