18-годишната натпреварувачка во нордиска комбинација, Австријката Јоана Басани денеска е пронајдена мртва. Наводно, се самоубила, а како причина се наведува големиот притисок врз нејзината кариера од австрискиот Сојуз.
Басани е пронајдена мртва на само седум дена по својот 18 роденден, а покрај нејзиното тело биле пронајдени неколку писма.
Во нив Басани пишувала за големиот притисок од страна на австрискиот Сојуз и дека не можела повеќе да го издржи тоа.
-Не можам повеќе, не можам – напишала во писмата
Инаку, Јоана Басани е освојувачка на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Лозана минатата година.