Морав да го освојам Ју-ес опен зашто немав купено подарок за годишнината од бракот, рече Медведев

By

Данил Медведев го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-ес Опен, а по победата тој рече дека морал да го освои, затоа што немал купено подарок на сопругата за годишнината од бракот.

„За време на турнирот не можев да мислам што да ѝ купам на сопругата. Кога стигнав до финалето, си помислив ако изгубам, ќе мора нешто брзо да смислам. Немав време за купување подарок и морав да победам“, рече 25-годишниот Русин.

Тој славеше со 6:4, 6:4, 6:4 и ја освои својата прва гренд слем титула, оставајќи го Ѓоковиќ во солзи и без две историски постигнувања: рекордниот 21. гренд слем трофеј и комплетирањето на календарскиот гренд слем, што за последен пат во машкиот тенис му успеа на Род Лејвер во 1969.

Ѓоковиќ до финалетои беше непобедлив на 27 мечеви, на тврда подлога, земја и трева и се чинеше дека никој не може да му ја украде историјата во Њујорк.

Тоа беше нивното второ гренд слем финале оваа година, а во првото, Медведев изгуби во Мелбурн. Ѓоковиќ тешко го поднесе поразот и призна дека целиот турнир го играл под огромен притисок. Откако во изминатите години често не беше третиран коректно, овојпат, мнозинството од 23.000 гледачи на стадионот „Ертур Еш“ беше зад него.

„Заплакав пред последниот гем зашто емоциите беа пресилни. Никогаш не сум доживеал ништо слично во Њујорк, често ме третираа како што не заслужував. Знам дека можев и требаше подобро, свесен сум каква шанса пропуштив“, кажа Ѓоковиќ.

Ќе ви се допадне

Sky Girls OVA Episode Full

AnimeKisa: Gintama: The Movie (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in watch anime free

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Website https://animefreak.ws: Watch Onmyou Taisenki animefreak Episode 52 watch anime free

Letterboxd: https://letterboxd.com/gogoanimelol/

Letterboxd: https://letterboxd.com/gogoanimelol/