Синоќа фудбалерите на Македонија на арената „Тодор Проески“ имаа поддршка од нивниот поранешен селектор Игор Ангеловски Мрме. Натпреварот против Романија во квалификациите за Светското првенство заврши без голови.
Мрме, кој ја однесе Македонија на Европското првенство и направи историски успех за земјата, на селекторското место беше заменет од Благоја Милевски. Македонија со новиот селектор досега одигра три натпревари во квалификациите и сите завршија нерешено.
За потсетување, Македонија претходно одигра нерешено и со Исланд и Ерменија. По шест одиграни кола во групата Ј, прва е Германија со 15 бода, Ерменија е втора со 11, Романија има 10, додека Македонија девет бода.