МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го освои трофејот во Македонскиот кошаркарски куп, откако во СРЦ „Кале“ го победи Работнички со 77:69.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје Аеродром беше македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски со 19 поени.

За МЗТ Скопје Аеродром ова е десетти трофеј во четрнаесеттото финале со што се израмни по бројот на пехари со вечниот ривал Работнички, кој загуби во своето шеснаесетто финале.

За потсетување, Купот од годинава го носи името легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур, кој минатата година почина во сообраќајка.

Scroll to Top