На Ибрахимовиќ му се заканува повеќегодишна суспензија

By

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се соочува со повеќегодишна суспензија од негирање фудбал, затоа што се сомничи дека поседувал акции во една обложувалница на Малта.

Според порталот Sportbladet, тој бил косопственик на компанијата Unknown AB која поседувала 10% од акциите во обложувалницата Bethard.

Правилата строго забрануваат професионалните фудбалери, на кој било начин бидат поврзани со кладилниците. Според обвинувањата, компанијата на Ибрахимовиќ генерирала директни приходи од плаќањата во споменатата обложувалница.

 

Така Швеѓанецот можел потенцијално да влијае на резултатите од натпреварите на кои играл. Странските медиуми јавуваат дека ФИФА и УЕФА можат да бидат ригорозни и да ги суспендираат на три години.

Исто така, Ибрахимовиќ може ќе мора да плати и парична казна во висина од 100.000.000 евра како компензација.

„Не разговаравме со Златан. Не размислувам за можна казна за него, но, би сакал да добијам попрецизни информации од ФИФА во врска со регулативите во овој случај и како тие се толкуваат“, изјавил генералниот секретар на Шведска Фудбалска асоцијација, Хакан Сјорстранд.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix my hero: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 6 (https://animeflix.nl/m/OzN9/ep-6)

AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven: TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 12