На Меси му дадоа „триесетка“ бидејќи е 3 пати подобар од Нејмар: рече Златан Ибрахимовиќ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го коментираше трансферот на Лионел Меси во ПСЖ и рече дека на Аргентинецот му го дале бројот 30 затоа што тој бил трипати подобар од Нејмар.

Ибрахимовиќ вели дека не е вистина оти ПСЖ потпишал со Лионел Меси, туку дека Меси е тој кој што потпишал со ПСЖ.

„Мислам дека беше во право што зема број 30. Тоа покажува дека е трипати подобар од Нејмар, кој е 10-ка. Пари Сен-Жермен не потпиша со Меси, туку обратно, Лео потпиша за клубот. Видете што направи во неговата кариера. Можете да направите споредба? Тој е поголем десет пати од ПСЖ“, вели Ибрахимовиќ.
Златан играше во ПСЖ од 2012 до 2016 година, постигнувајќи 156 гола во 180 меча, со што е вториот најдобар стрелец во историјата на клубот зад Единсон Кавани.
Scroll to Top