На Олимпијадата во Токио може да присуствуваат само јапонски навивачи

Јапонската влада одлучи на Летните олимписки и на Параолимписките игри во Токио да нема странски државјани на трибините, туку само јапонски навивачи. Тие велат дека се загрижени од можноста за ширење на заразата со Ковид-19 и дека сакаат да го заштитат своето население.

Властите во Токио затоа решија да не им дозволат влез на странски навивачи во земјата. Освен што постои страв од нова зараза, проблем за владата е и појавата на нови мутации на вирусот.

Свеченото отворање на Олимписките игри е закажано за 23 јули во Токио, а церемонијата за почеток на патувањето на олимпискиот факел низ Јапонија ќе се одржи на 25 март во Фукушима. Сите настани ќе се одржуваат без присуство на публика.

Scroll to Top