На руската атлетичарка Дарија Клишина ѝ нуделе 200.000 долари за секс

Руската атлетичарка Дарија Клишина, неодамна ја изненади јавноста откако откри дека добила непристоен предлог да работи како дама за придружба. Таа вели дека не сакала да прифати пари за секс со богати мажи и дека е навредена од понудата.

„Една позната личност во САД, ми понуди 200.000 долари месечно да работам како ескорт-дама. Јасно е дека нема да се збогатам од атлетиката, но зарем ви личам за личност која ќе прифати тaква понуда? Им пишав дека не сум заинтересирана, но тие одредено време беа упорни,“ изјави Дарија за американските медиуми. Таа не сакаше да каже за која позната личност станува збор.

Инаку, Клишина веќе некое време живее во Америка, во Атланта. Таа со години се обидува да дојде до врвот во дисциплината скок во далечина, но тоа засега не ѝ успева. Таа нема остварено позначајни резултати, освен победи на неколку познати митинзи. Спортската јавност повеќе ја препознава по убавината, отколку по атлетските успеси. Коментарите се дека може да оди на натпревари за Мис, каде што сигурно ќе има подобри резултати.

Scroll to Top