Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Франција и Данска кои ќе се борат за златото.
Начевски и Николов ќе судат уште еден голем натпревар по само година и пол откако го водеа и финалето на Европското првенство за ракометари во Австрија, меѓу селекциите на Норвешка и Шведска.
Начевски и Николов претходно беа дел и од Олимписките игри во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.