Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам, поради болки во грбот. Вториот најдобар тенисер во светот требаше да настапи на АТП-турнирот од серијата 500, кој ќе се одржи од 1 до 7 март, но поради болките, вели дека е принуден да се откаже.
Шпанскиот тенисер последен пат настапи на турнирот во Ротердам во 2009 година, кога во финалето загуби од Британецот Енди Мареј. На Австралија Опен беше поразен во 1/4 финалето против Гркот Стефанос Циципас.