Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, е пред банкрот

Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, е пред банкрот, пренесуваат медиумите. Пандемијата со коронавирусот минатата сезона предизвика големи губитоци поради празните трибини и енормните примања на сега веќе ексиграчот Кристијано Роналдо.

Ова го покажало официјалниот финансиски извештај на клубот. Само година претходно овој минус изнесувал 89,7 милиони евра, па нето-финансискиот долг на „старата дама“ во овој момент изнесува 389,2 милиони евра.

Претседателот Андреа Ањели е под голем притисок и има закажано собир на акционерите за 29 октомври. Како што пренесуваат италијанските медиуми, засега не е исклучена и можноста за негово заминување од позицијата прв човек на клубот.

 

 

 

Scroll to Top