Спортистите од Русија, кои на Олимпијадата во Токио ќе освојат златен медал, наместо химната, ќе слушаат музика на Петар Чајковски. Поради казната на Светската антидопинг-агенција (ВАДА), на руските спортисти им е забрането да ги користат химната и знамето.
Олимпискиот комитет на Русија предложил на спортистите да им се пушта „Каќуша“, но предлогот бил одбиен од Судот за спортска арбитража со образложение дека песната асоцира на Русија, што не е според правилата.
Станислав Поздњаков, претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, предложи, наместо химната, да се емитува „Концертот за клавир број 1“ на Чајковски. Предлогот бил прифатен со образлжение дека делата на Чајковски му припаѓаат на целиот свет.