Наумче Мојсовски е нов директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот ракометар Наумче Мојсовски е нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Мојсовски досега работеше како член на Управниот одбор во Ракометната федерација.

Тој пред четири години ја заврши кариерата, а освен за репрезентацијата на Македонија, со која стигна до најголемиот успех во историјата и петтото место на Европското првенство, играше и за Металург, Вардар, Лехвија, Ла Риоха, Пеистер, Југ, Струга и ЦСМ Букурешт.

 

Scroll to Top