Навивачите не го сметаат Меси за најдобар играч на Барселона

Лионел Меси е најдобар стрелец во историјата на Барселона, но навивачите не сметаат дека тој е најголемото име кое некогаш заиграло за овој клуб. Аргентинецот во една неодамнешна анкета, објавена на сајтот „Ранкер“, го завзема второто место, зад Диего Марадона.

Уште неколку големи имиња исто така не се најдоа во првата десетка, како што се легендата од педесетите години на минатиот век, Цезар Родригез, па сè до Бразилецот Нејмар.

Актуелните ѕвезди добија малку поголема предност, затоа што Луис Суарез и Џерард Пике се најдоа меѓу избраниците, а меѓу нив се најдоа и Роналдо, Карлес Пујол и Чави.

На петтото место на листата се најде Андрес Иниеста, кој е шпански фудбалер со најмногу освоени пехари во историјата, а кој кариерата ќе ја заврши во Јапонија. Пред него на четвртото место се најде Јохан Кројф, додека трет е Роналдињо.

Што се однесува до Марадона, тој во Барселона ја освои титулата во Купот на Кралот и стана првиот суперстар играјќи за репрезентацјата на Аргентина и за Наполи, освојувајќи го Светското првенство во 1986 година, пехар кој Меси сè уште не може да го достигне.

Scroll to Top