НБА-ѕвездата Малик Бизли ги исфлил сопругата и синот од дома за да биде со љубовницата

НБА-ѕвездата на Минесота, Малик Бизли, ги исфрлил сопругата и синот од дома за да биде со својата љубовница Ларса Пипен, позната во јавноста како поранешната сопруга на легендата на Чикаго, Скоти Пипен.

Сопругата на Малик, Монтана, поднела барања за развод, а нејзините адвокати во јавноста излегоа со информација дека младиот кошаркар не се придржува до договорот за плаќање алиментација за нивниот син.

Тие за US weekly изјавиле дека Бизли ја исфрлил од куќата неговата сè уште законска сопруга заедно со синот и дека за негово издржување дал само 800 долари иако месечно заработува 15 милиони долари.

Тие додале дека во моментот Монтана живее кај своите роднини и дека така ќе остане додека не застане на свои нозе и не ѝ се врати на старата кариера како модел, која ја запоставила поради семејниот живот, пишува Republicworld.com.

Дваесет и тригодишната Монтана Јао го напуштила семејниот дом пред десетина дена со синот Макаиј, а од Бизли не добила ниту извинување.

За потсетување, Малик Бизли во повеќе наврати ги има полнето светските таблоиди, но не само поради неговиот талент и спортскиот успех, туку и поради бурниот приватен живот.

Scroll to Top