Нејмар ја изгуби тужбата против „Барселона“

Бразилскиот фудбалер Нејмар ја изгуби тужбата против својот некогашен клуб, фудбалскиот гигант „Барселона“. Бразилецот го тужеше клубот во 2017 година за неисплатени бонуси во вредност од 43,6 милиони евра. Судот пресуди во корист на Каталонците, па Нејмар освен што нема да ги добие парите што ги бараше, ќе мора да врати 6,7 милиони евра на клубот.

Износот што го бараше ѕвездата на „ПСЖ“ е бонус кој требаше да го добие по последното продолжување на договорот со Барселона во 2016 година. Тужбата ја покрена набрзо откако направи рекорден трансфер во Париз вреден 222 милиони евра.

Додека траеше случајот, таткото на Нејмар, кој е и негов агент, неколкупати ја нападна управата на „Барселона“ обвинувајќи ги за поткуп. Тој дури и бараше суспензија за Каталонците и забрана за настап во Лигата на шампионите поради тоа што не го платија бонусот на неговиот син.

Scroll to Top