Нејмар ја промени фризурата по настапот на Копа Америка

Бразилецот Нејмар по настапот на Копа Америка ја промени фризурата. Тој е познат дека сака да експериментира со фризурите, па кратката црна коса ја замени со долги руси плетенки.

Фотографијата со новиот имиџ на Нејмар ја објави неговиот сонародник и поранешен бразилски капитен Кафу. За потсетување, Бразил загуби во финалето на Копа Америка од Аргентина со 1:0.

 

 

Scroll to Top