Новак Ѓоковиќ деветти пат ќе игра во финалето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ втора година по ред ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија по пласирањето во финалето на турнирот. Ова ќе биде негово деветто финале на австралискиот гренд слем.

Новак за неполни два часа игра го победи Аслан Карацев со 6:3, 6:4, 6:2 и со тоа ја прекина победничката серија на рускиот тенисер, кој турнирот го почна од квалификациската фаза и како 114. играч на светот стигна до полуфиналето.

Ѓоковиќ досега победил во сите досегашни осум финалиња. Неговиот противник оваа година ќе се знае кога ќе заврши натпреварот меѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Ова е вкупно 28. гренд слем финале за Ѓоковиќ.

Во женското финале ќе се сретнат Наоми Осака и Џенифер Брејди.

Scroll to Top