Објавени се екипите што ќе играат во баражот за Светско, меѓу нив и европскиот првак Италија

Познати се сите 12 учесници кои ќе играат на плејофот, откако завршија квалификациите за Светското првенство во Катар следната година. Десет од нив беа второпласирани во своите групи, додека Австрија и Чешка доаѓаат преку Лигата на нации.

За првпат во историјата и македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за Мундијалот, која ќе биде во групата на неносители заедно со: Турција, Полска, Украина, Австрија, Чешка. Додека, пак, во групата на носители и можни противници се: Русија, Италија, Португалија, Шкотска, Шведска и Велс.

Ждрепката на која ќе се формираат три групи со по четири селекции е закажана на 26 ноември, така што во секоја група ќе се игра по еден полуфинален и еден финален меч.

Победниците од сите групи ќе се пласираат на Мундијалот во Катар следната година.

Полуфиналињта ќе се одиграат на 24 март 2022 година, додека финалињата ќе се одржат пет дена подоцна на 29 март.

Scroll to Top