Од навивачите што го следеле Европското првенство над 2.500 се заразиле со корона

Осум земји пријавија граѓани заразени со коронавирус, директно поврзани со натпреварите што се играа на ЕП во фудбал во 11 градови. До сега бројката на заразени лица е 2.535, но се очекува да биде поголема. Оваа бројка се однесува на лицата кои се евидентирани до 8 јули, а првенството заврши на 11 јули со финалето што се одигра на Вембли во Лондон и кое го следеа 66.000 гледачи на трибините.

Според Европскиот центар за контрола на болести, најголемиот број регистирани лица се инфицираните од делта-сојот. Оттаму предупредуваат дека во земјите каде што се одржуваат масовни собири, како што се натпревари или групно навивање, а без да се воведат доволно мерки, новите варијанти на вирусот ќе се прошират.

Европскиот центар го анализираше движењето на инфекцијата во земјите домаќини, но преку податоци од Светската здравствена организација. Зголемување на бројот на случаи е забележано во Санкт Петербург, Русија, во Баку во Азербејџан, во Амстердам, Копенхаген, Глазгов и Лондон.

Scroll to Top