Од утре во продажба десет илјади билети за фудбалскиот натпреварот со Ерменија

На 2. септември македонските фудбалери на домашен терен ќе играат против Ерменија, со што ги продолжуваат квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Вчера Фудбалската федерација на Македонија објави дека од утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за дуелот против водечката репрезентација во квалификациската група Ј.

Најмногу 10.000 гледачи ќе смеат да бидат присутни, согласно ковид протоколот за исполнетост од максимум 30 отсто од капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ од 30.000 седишта.

На вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа утврдените цените за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација.

Една влезница за натпревар ќе чини 300 денари.

На 8. септември македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Романија, исто така на домашен терен, во Скопје.

Scroll to Top