Одбојкарите на Македонија се пласира во финалето на Сребрената лига, откако ја победија Хрватска со 3-2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25, 15-12 по сетови) во првото полуфинале на фајналфор-турнирот што се игра во Струмица.
Македонија во финалето ќе игра против подобриот од второто полуфинале, кое се игра вечерва помеѓу Данска и Унгарија.
Финалето е закажано за утревечер од 20 часот.
Ако македонските одбојкари го освојат фајналфор-турнирот во Сребрената лига, догодина ќе играат во Златната лига.