Огњен Врањеш уапсен во Бања Лука

Фудбалерот Огњен Врањеш е уапсен во Бања Лука откако учествувал во тепачка во ноќен клуб. Со него е уапсен и брат му Стојан. Тепачката се случила поради девојка на која Врањеш наводно ѝ дофрлил нешто, па нејзиното момче отишло кај фудбалерот за да ја расчисти ситуацијата. Се степале, а Врањеш му удрил бокс и му скршил заб. Инаку, момчето со кое се стрепал Огњен е син на ексдиректорот на Геодетската управа на Република Српска, Милош Комљеновиќ.

Фудбалерот бил приведен во полициска станица околу 3:40 часот по полноќ, и случајот е префрлен во јавното обвинителство.

Инаку, Врањеш неодамна без дозвола од својот клуб АЕК од Атина се врати во Босна, па веднаш доби отказ. Ова е само еден од низата скандали што го следат босанскиот фудалер. Тој беше во центарот на вниманието поради спорна четничка тетоважа, потоа за аферата со Јелена Карлеуша по што го исфрлија од репрезентацијата на БиХ, а неодамна се фатија за гуша соиграч од АЕК на среде натпревар.

Scroll to Top