Оле Гунар Солскјер: Ако син ми паѓаше на терен како играчите на Мурињо, немаше да му давам да јаде

By

Натпреварот меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кој се одигра викендов, мина со голем број контроверзи и коментари од страна на двајцата тренери, Жозе Мирињо и Оле Гунар Солскјер.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот го добија „црвените ѓаволи“, со 3:1, но, мечот го одбележа голот на Кавани, кој беше поништен од страна на судијата. Арбитарот претходно досуди прекршок над играчот на Тотенхем Јужнокореецот Сон.

По мечот Солскјер и Мурињо се препукуваа околу ситуацијата. Норвежанецот критикувајќи го Сон заради глума, во приказната го вмеша и неговиот постар син.

„Апсолутно се изгуби шармот на оваа игра, иако беше очигледна грешка. Грешка беше што воопшто судијата мораше да го провери моментот. Ако мојот син лежеше три минути откако ќе добие таков удар од негов пријател и десет други да мораа да му помогнат да стане, јас нема да му дадам да јаде“, изјавил Солскјер.

Мурињо не чекаше долго за да му одговори и се пошегува дека Сон има среќа што неговиот татко е подобар човек од Солскјер.

„Таткото секогаш мора да ги храни своите деца, без разлика на нивното однесување. Ако мораш да украдеш храна, ќе укдареш. Јас му одговорив на Солскјер што мислам за неговите коментари“, изјавил Мурињо.

По нивната преписка се јави и синот на Солскјер, 20 годишниот Ноах, кој вели дека слатко се насмеал кога ги слушнал коментарите на Португалецот.

„Можам на сите да им гарантирам дека јас секогаш добивам јадење. Никогаш не сум лежел така како што тоа го направи Сон. Мурињо веројатно само сакал да го сврти вниманието од фактот што изгуби“, изјавил синот на Солскјер за локалните медиуми.

 

Ќе ви се допадне

https://tai.go88.is/

cách tải sunwin cho iphone sunwin apk 2021 hướng dẫn nạp tiền sunwin