Олимписката шампионка Миу Гото ќе добие нов златен медал, затоа што градоначалникот и го гризна оној што го освои

Олимписката шампионка во софтбол, Миу Гото, ќе добие нов златен медал откако градоначалникот на нејзиниот роден град Нагоја, го гризна оној што го освои во Токио.

Нагоја се соочи со жестоки критики на социјалните мрежи затоа што ја симнал маската среде пандемија и го гризнал медалот на Гото. Тој се извини и вети дека ќе плати за новиот медал. И од Меѓународниот олимписки комитет кажаа дека Гото ќе добие нов медал.

„За момент заборавив дека сум градоначалник и се однесував на крајно непримерен начин“, изјави 72-годишниот Кавамура.

Тој го гризна медалот за време на прославата на победата на Јапонките над САД во финалето на олимпискиот турнир во софтбол, што е женска верзија на бејзбол. Неговиот гест беше опишан како нехигиенски и некултурен кон Гото.

Scroll to Top