По отказот, поранешниот тренер на Ѓоковиќ почна да плука по тенисерот

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Крејг О’Шонеси, кој беше дел од неговиот стручен штаб, откако заработи отказ, почна да плука по тенисерот.

Тој беше задолжен за скаутинг, но откако на неговото место дојде Горан Иванишевиќ, Крејг постојано го напаѓа српскиот тенисер.

Последната во низа навреди се случи во еден од неговите текстови за Новак и неговиот настап на Олимпијадата во Токио. Тој го претставил Србинот како вистински негативец, пишуваат медиумите.

„Едвај е вредно да се спомене дека Ѓоковиќ не освои медал во Токио. Тоа е најмалиот недостаток. Дури и ако гледаме низ розови очила, неговото однесување беше недолично за шампион, недостојно за еден олимпиец“, е напишано, меѓу другото, во текстот на Крејг за Sport Ilustrejted.

Многумина поради овие објави го нападнаа Австралиецот.

„Ужасно е кога ќе помислам дека си бил дел од тимот на Новак. Со вакви пријатели, ти непријателе, не си потребен. И понатаму му се лутиш што не си во неговиот тим?“, биле само некои од коментарите на фановите на Ѓоковиќ.

 

Scroll to Top