Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски, на прес-конференцијата по натпреварот Македонија – Холандија, кажа дека веќе нема да го предводи националниот тим.
„Ова е мојата последна прес-конференција како селектор. Мојот договор со Фудбалската федерација на Македонија истекува на 31 јули и со тоа завршуваат моите обврски“, изјави Ангеловски по поразот од 3:0.
Игор Ангеловски дојде на функцијата во 2015 година, со што е селектор со најдолг стаж во историјата на македонската репрезентација.