Довчерашниот капитен на Барселона, Лионел Меси одржа проштална конференција за медиумите на стадионот Камп Нои, по повод неочекуваното негово заминување од клубот, во кој беше верен 21 година. Аргентинецот по 12 часот излезе на бината и со солзи во очите едвај збореше.
„Не знам што да кажам, не сум подготвен за вакво нешто. Тешко се носам со ова. Последната година беше доста тешка поради ситуацијата од минатото лето. Јас и моето семејство верувавме дека ќе останеме тука затоа што ова е мојот дом. Тука ни беше убаво, но, ете, морам сега да кажам збогум. Целиот живот сум тука, од тринаесеттата година и по 21 година заминувам со моето семејство, моите три мали каталонски Аргентинци. Ова е мојот дом и благодаран сум им за сè. Сите мои сегашни и поранешни играчи и сите на во клубот“, рече Меси.
„Сè што проживеав тука ме направи личност каква што сум денес. Дадов сè од себе за овој дрес. Фала ви на сите за поддршката која ја имав сите овие години. Никогаш не помислив дека ќе си заминам на ваков начин, не размислував за заминување никогаш. Се надевам дека еден ден ќе се вратам за да донесам нешто ново во клубот. Нови успеси и да имаме нови заеднички убави моменти во иднина. Има многу работи кои сакам да ги кажам, но, едноставно емоциите ме обземаат и тешко ми е да зборувам. Затоа ќе се посветам на одговарањето на вашите прашања. Фала ви на сите“, додаде Меси.
Тој го издвои неговото деби за Барселона како најубавиот момент во неговата кариера. Рече дека тоа било неговиот „Сето друго беше фасцинантно, но, секогаш ќе се сеќавам на моментот кога започна сè“, рече Меси.
Првиот човек на Барселона Хуан Лапорта рече дека не можеле да потпишат нов договор поради финансискот фер плеј. Тоа го потврди и самиот Меси.
„Баш како што рече Лапорта. Дојдов да потпишан нов договор, но, не можев, затоа што правилата тоа не го дозволуваа. Ништо не можам друго да кажам. Минатата година не сакав да останам и тоа јавно го реков, но, сега сакам, но, тоа не е можно“, додаде тој.
Меси вели дека засега нема одлучено сигурно каде ќе ја продолжи кариерата, но, дека веќе има добиено неколку понуди и има направено неколку разговори.
„Една од опциите е ПСЖ. Имав многу повици и за мене беа заинтересирнаи многу клубови, но, во моментов нема ништо договорено, рече Меси, кој дополни дека најтешкиот момент во неговата кариера е сегашниот. Неговото заминување.
„Апсолутно ова ми е најтешкиот момент во кариерата. Имаше порази, не многу, но, ги имаше. Но, ова за мене сега е најтешкиот момент. Тие се добри затоа што тие ме зацврстија, од нив можев многу да научам“, рече Меси.
„Барселона е голем клуб. Ќе дојдат нови играчи. Тие доаѓаат и си заминуваат, а како што рече и самиот Лапорта, клубот е над сите нив. Ќе се навикнат луѓето. Ќе им биде тажно, но, ќе се навикнат и без мене. Има тука многу големи играчи, екипата е одлична и сè ќе биде во ред“, одговори Меси на прашањето како Барселона ќе продолжи без него.
Меси вели дека првиот момент кога разбрал дека ќе си замине, е за време на ручекот со претседателот.
„Разговаравме, јадевме и тогаш бев убеден дека нема да има никакви проблеми и дека ќе продолжам со кариерата. Договор никогаш не беше проблем. Но, тогаш се случи тоа што се случи. Тоа е тоа. Не можам да ви кажам ништо повеќе од ова. Вака мораше да биде“, рече Меси.
Тој додаде дека никогаш не им дал лажна надеж на навивачите дека ќе остане. Дека бил искрен и дека целата оваа работа испаднала непланирано. Дека тој никогаш никого не сакал да измами.
Тој одговори и дека фотографијата со некои од играчите на ПСЖ била настаната сосема случајно.
„Нејмар ме повика и ме праша дали сакам да дојдам да се видиме. Тука беше и Иван Ракитиќ и тогаш се сликавме. Тие потоа се пошегуваа со мене и ми рекоа дека морам да дојдам во Париз, но, ништо не е завршено“, објасни Меси и додаде како ќе му биде кога ќе игра против Барселона.
„Луѓето тука ме знаат и знаат каков борец сум. Сигурно ќе се борам за победа и за титули, па дури и против Барселона. Би сакал да го искористам овој момент и да му честитам на Дани Алвеш на златниот медал на Олимписките игри. Сакам луѓето да ме паметат како играч кој секогаш се бори за најголемите титули“, рече Меси.
Тој им одговори на новинарите дека намало никаква опција за тој да остане во Барселона.
„Како што рече и Лапорта. Клубот е во големи долгови и моето останување само дополнително ќе ја комплицира работата. Сега морам да размислам за себе и својата иднина. Направив сè што можев за да останам, но, тоа не беше возможно. Не знам што повеќе да додадам“, одговори Меси.
Тој додаде дека од следниот клуб очекува да ја освои барем Лига на шампиони.
„Бев многу блиску со Барселона, но, не успеавме. Другите беа подобри од нас. Сигурен сум дека со Барселона ќе можевме да дојдеме да освоиме барем уште една титула во Лига на шампиони. Сега сакам да освојувам титули и со други“, рече Меси.
Messi can’t believe it’s coming to an end 😢
(via @FlorentTorchut)pic.twitter.com/pC9e7jtGz7
— ESPN FC (@ESPNFC) August 8, 2021
Меси објсани дека се согласил да има и двојно помала плата, само за да остане и дека информациите дека барал двојно поголема плата биле шпекулации. Тој вели дека нема чувство дека е измамен.
„Сите направија сè за да останам. Но, тоа не беше можно. Не сакам за никово да зборувам лошо. Бев транспарентен, а беа и другите. Имаше многу мислења. Некои од луѓето говореа работи кои не се точни, но и тоа е во ред. Јас секогаш ја зборувам вистината и не сакам никого да лажам“, рече Меси на крајот.