Падна од карпа висока 150 метри: Загина светската шампионка во качување

Светската шампионка во качување на карпа Луси Дуади го загуби животот во близина на својот дом во Југоисточна Франција. Младата девојка паднала додека се искачувала на карпа, соопштија од Француската федерација во качување.

Од таму велат ека 16- годишната Луси била голема надеж на француското и светското качување на карпа. Таа била голем вљубеник во екстремните спортови.

За време на несреќата била со група од пријатели. Во кобниот момент се лизнала и паднала од карпа висока 150 метри. Засега не се познати точните околности за нејзината смрт.

„Луси беше многу перспективна млада спортистка. Со 16 години иднината беше пред неа. Денеска целата федерација е во жалост“, порачале од ФФМЕ.

Луси Дуади била светска јуниорска шампионка во дисциплината качување на карпа.

Scroll to Top