Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси, иако не смееше го допре и сакаше да го подигне пехарот уште пред да започне Светското првенство во Катар.
Настанот се случи во петокот, во Доха, кога се составуваа групите, а селекторите на 29 репрезентации кои се пласираа застанаа да се сликаат покрај него.
Во првиот ред покрај Пикси беа и селекторот на Франција, Дидие Дешамп, актуелниот светски шампион и негов поранешен соиграч од Олимпик Марсеј, потоа селекторот на Португалија Фернандо Сантош и селекторот на Хрватска Златко Далиќ, финалистот од пред четири години.
Сепак само Пикси го допре трофејот нешто што меѓу љубителите на фудбалот се толкува како лош предзнак и клетва. Како најдобар пример за тоа го споменуваат Џенаро Гатузо, кој во 2005 година на полувремето го допре трофејот од Лига шампиони.
Иако неговиот тим водеше со 3:0, на крајот во невиден пресврт Милан загуби од Ливерпул на пенали. За потсетување, Србија во Катар ќе игра во групата Г, против Бразил, Швајцарија и Камерун.