Пливачот Филип Дерковски, вториот македонски претставник на Олимписките игри, денеска го одржа својот настап во базенот во Аква центарот во Токио.
Тој се претстави во дисциплината 400 метри слободно, во првата квалификациска група натпреварувачи составена од четири пливачи.
Иако Дерковски иако постови нов личен рекор, сепак го освои последното, четврто место. Тој исплива за време од 4:03.34 поправајќи го претходно поставеното време од 4:04, односно за 76 стотинки побрзо од она со кое се пријави на игрите.
Покрај него уште еден пливач исплива со над 4 минути, а тоа беше Џејмс Фриман од Боцвана.