Од тимот на Манчестер Јунајтед потврдија дека го враќаат во клубот нивниот поранешен фудбалер, Португалецот, Кристијано Роналдо. Играчот на Јувентус пред 11 години го напушти Олд Трафод и замина во Реал Мадрид, а сега беше блиску до трансфер во Манчестер Сити.
Но, португалската ѕвезда е многу блиску да се врати на „Театарот од соништата“, откако и поранешниот негов тренер, Сер Алекс Фергусон се вклучил во разговорите за трансферот.
Навивачите на Јунајтед се надеваат дека ќе станат сериозиен ривал за премиерлигашката титула. Роналдо го завршува тригодишниот престој во Јувентус, каде што иако освои две титули од Серија А, не успеа во походот по Лигата на шампиони, нешто што беше негова, но и цел на „старата дама“.
Сега, во редовите на „старата дама“ треба да го пополнат местото во нападот, кое ќе остане празно со заминвуањето на Роналдо. Како прва и релативно најлесна опција за негова замена се наметна Моис Кин од Евертон. Поранешниот играч на Јуве, кој минатата сезона ја мина како позајмен во ПСЖ, би можел да се врати во Торино. Мино Раиола би можел да одигра круцијална улога во преговорите, бидејќи е во добри односи со Јувентус. Евертон не би имал против да го продаде Кин, но доколку добие добра отштета. Од друга страна, Јуве сака да го позајми Кин со право на откуп следното лето.